ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што Седат Пекер добил обезбедување нема да избледни
ЈО молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледни, одговорност ќе има за сите.
Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување.
Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него?
Не може 214 криминалци да добиле македонски документи, да доаѓале во Македонија, од тука да полетувале насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од пасошко.
Полициско обезбедување не даваат службеници од пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, а тие знаат кој е Седат Пекер.
Се поставува прашањето, зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев?
Одговори и одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес