ВМРО-ДПМНЕ: Еве како би изгледал македонскиот Устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид
Тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе.
Еве како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид:
"Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН"
ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.
Актуелната преамбула која би се менувала гласи:
"Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи..."
СДС и ДУИ не би требало да имаат против устав на земја членка на ЕУ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница