ВМРО-ДПМНЕ: Ефектите од политиките на власта се најнизок раст на економијата и зголемен долг
Каков ефект имаат економските политики на власта на СДСМ и ДУИ покажуваат состојбите во економијата во Македонија.
Македонија има најмал економски раст во споредба со земјите од регионот.
Растот на платите е помал од инфлацијата, што од почетокот на годината беше околу 7%.
Во исто време има пад на вработените во индустријата, а енормно зголемување на бројот на вработени во јавниот сектор, односно на товар на буџетот се ставаат се поголем број партиски вработувања.
Македонија е на дното во регионот според странските инвестиции, а останатите земји имаат по два до 5 пати повеќе странски инвестиции од нас по глава на жител.
Основните продукти и горивата пораснаа за кратко време од 30 до 70%, што е директен удар на стандардот на граѓаните.
Долгот на Македонија порасна над 60% од БДП и ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра. Дополнително овој долг ќе порасне за најмалку 600 милиони евра до крајот на годината, а од таквото задолжување нема ефект, бидејќи не се градат ниту патишта, ниту болници, ниту училишта ниту било какви други капитални проекти.
Впрочем за погубните економски политики кои се прават говори и фактот што лани се затворени 7000 компании во Македонија.
Ете ова е резултатот на лошите или задоцнети мерки кои ги прави власта на СДСМ и ДУИ. Народот осиромашува, додека власта троши милиони за мебел, цвеќиња, кафиња, златен прибор и хотелски услуги.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
