ВМРО-ДПМНЕ: Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто сеуште немаме воен претставник во НАТО
Денешната прес конференција е уште еден доказ за целосната партизација на Министерството за одбрана од страна на Шекеринска.
Ова е уште една евтина популистичка мерка на СДСМ која не се базира на реална економија. Македонија е во рецесија, а тие продолжуваат со трошење на пари кои државата ги нема.
Кога веќе толку се грижат за стандардот на војската, нека кажат зошто возилата на АРМ се оставени без масло, колку пати им паѓаше тендерот и зошто?
МО да одговори и до кога македонските гардисти ќе бидат без парно греење во 21 век?
Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто немаме воен претставник во НАТО веќе две ипол години.
Во правилникот за упатување на работа во странство на лица на должности во меѓународни мисии и меѓународни организации, штабови, команди и мултинационални воени сили стои – „Државниот секретар и лицата определени од министерот, врз основа на оценките на Комисијата, прават сублимат од оценките и рангирање на кандидатите. Ранг листата, државниот секретар ја доставува до министерот за одбрана за донесување на конечна одлука“.
Министерката за одбрана да не се обидува да дефокусира и да се крие позади партиски прес конференции, туку да се појави во јавност, да ја признае грешката со номинацијата на највисокиот воен претставник, да ја каже и улогата на Државниот секретар Николиќ во истата постапка, да понесе одговорност и да поднесе оставка!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228