ВМРО-ДПМНЕ: Доставивме наши наводи за корупција до Канцеларијата на ЕУ во Скопје
СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави највисоко на листата по коруптивни практики во светот.
После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена.
Од друга страна ги повикуваме сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија.
Прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора