ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.
Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер.
Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДС и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДС, и дека сите работат по негова насока.
Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ.
Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
