ВМРО-ДПМНЕ: Дојавите за бомби може се хибриден напад, ама неспособноста да се справат со тоа е типична за Спасовски и Ковачевски
Дојавите за бомби можеби се хибриден напад, но неспособноста на Ковачевски и Спасовски е очигледна и типична за СДС.
После три месеци дојави за бомби во училишта, институции, станбени објекти, трговски центри, а сега и аеродром, хотели и спортски објекти, дури сега им текна да побараат меѓународна помош од нашите партнери. Зошто Спасовски и Ковачевски чекаа толку долго? Зошто навреме не ги искористија сите домашни и меѓународни капацитети да се справат со ваквата безбедносна закана која шири тензии и страв кај граѓаните?
Неспособноста на Оливер Спасовски станува безбедносен проблем за Македонија. Тој е веќе осма година на позицијата министер за внатрешни работи. Резултатот на тоа е опаѓање на професионалноста и авторитетот на полицијата. Поради вработување на партиските кадри и лица со досие, полицијата се доведе во состојба да не може да одговори на заканите по редот и мирот во Македонија.
Затоа е неопходно Спасовски да си поднесе оставка, а владата предводена од Ковачевски час поскоро да ја признае својата неспособност и да побара помош од домашни и странски експерти да се влезе во траг и да се санкционираат ваквите дојавувачи на бомби.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран