ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, таа одлука мора и Заев да ја почитува
Покрај сите притисоци, закани и уцени од страна на власта, граѓаните кажаа НЕ за штетниот договор за промена на името.
Граѓаните кажаа гласно НЕ за договорот со Грција. 2/3 од македонските граѓани упатија јасна порака дека за нив овој договор е неприфатлив. Залудни се правдањата, апсурдните толкувања и манипулациите на Заев.
Граѓаните јасно упатија порака, дека Заев нема легитимитет да го турка овој договор. Граѓаните го отфрлија овој договор.
Зоран Заев наместо да манипулира треба да се соочи со реалноста и да го отфрли овој договор, кој е на штета на Република Македонија.
Насилното туркање на овој капитулантски договор ја носи државата во ќорсокак.
Зоран Заев ја изманипулира и меѓународната заедница и нејзините претставници, кои ги лажеше со голема поддршка.
Директен виновник за неуспехот на овој референдум е криминалната власт на чело со Заев. Криминалот, корупцијата, убиствата по улици и грабежите не се европски вредности. Граѓаните со СДСМ на власт имаат пад на безбедноста, владеење на правото не постои, а доживуваат крах и образованието, здравството и земјоделието. Со оваа власт државата само тоне.
Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, тоа е одлука која дури и Заев мора да ја почитува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
