ВМРО-ДПМНЕ: Додека Меџити живее во куќа од скоро милион евра, лек Трикафта и понатаму нема за сите
Додека Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лек Трикафта и понатаму нема за сите.
Пет месеци пациентите со цистична фиброза се оставени без лекот Трикафта.
Пет месеци владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците не можат да обезбедат лек за сите 140 пациенти.
Нов министер, стари проблеми. Пациенти умираат, останатите едвај преживуваат, а министерот за здравство Меџити наместо да даде јасен одговор, изјавува дека не зависи се од него.
Па, јавно прашуваме ако владата и министерот за здравство Меџити не можат да набават лек за 140 пациенти, тогаш како може да очекуваат граѓаните да ги подобрат состојбите во здравството?
Бараме под итна реакција од надлежните, и одговор од министерот за финансии Фатмир Бесими уште колку ќе се чека лекот да биде набавен?
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за законските измени се со цел да се обезбедат потребните финансиски средства за лекот, а лек се уште нема.
Владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците ги дели луѓето и по болест и целосно го урнаа здравствениот систем.
Доста е од негрижата и неспособноста на владата.
Потребни се итни промени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен