ВМРО-ДПМНЕ: Доаѓа крајот на владеењето на Заев
Доаѓа крајот на владеењето на криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев. Се ближи крајот на погубните политики на политичари без визија и план, политичари за кои најважен е личниот бенефит, банда која на коцка ја стави иднината на сопствената држава.
Македонскиот граѓанин има развиено политичка култура за да го прочита предизборниот поткуп пресликан во буџетот на Република Македонија за 2020-та година.
Предизборниот период е период кога „блескаат“ лагите на Зоран Заев, но за среќа повеќе никој не му верува на измамникот, кој и носи само порази и понижувања на сопствената држава и народ
Она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е нова парадигма, морален кодекс кој ќе ја смени политиката во Македонија. Нема повеќе на македонската политичка сцена да има политичари кои истовремено се „просечни бизнисмени“. Нема да има ниту вечни политичари и функционери. Квалитетот ќе биде пресуден за кадровската политика. Доаѓа време кога мерит системот конечно ќе профункционира во нашата држава.
Законот нема повеќе да биде само парче хартија, а правната држава ќе биде основа на нашето општество. Владата на ВМРО-ДПМНЕ избрана од народот ќе работи за народот и ќе биде достапна во секое време за граѓаните.
Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија и ќе стават крај на неговата тажна политичка кариера. Граѓанинот ќе избере обнова, наместо заевизам и ќе стави крај на деспотизмот. Следува обнова за Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?