ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза
Власта е неспособна да го реализира ветеното. Неработата и неспособноста се главна одлика на оваа влада и затоа прави ребаланс. Недозволиво е држава во развој како Република Македонија да има економски раст од 1, 2 или 3% и ниво на капитални инвестиции за осум месеци од само 23.3%.
Класичен дебакл и одраз на елементарно незнаење е за осум месеци нивото на реализирани капитални инвестиции да биде очајни 23.3%. Економијата тоне во секој аспект, а секој следен чекор на власт го забрзува процесот на тонење.
Заев и Тевдовски мора да одговорат. Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза заради насилно туркање на договорот од Преспа, кој според ставот на граѓаните од референдумот е правно - политички мртов. Дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот? Неизвесноста кај економските субјекти од ваквите политики е доведена на високо ниво.
Заев ветуваше раст на економијата од над 5%, во сите години од мандатот. Првата година ја заврши со 0%, а оваа се движи на линија на преживување. Ова го потврди и ММФ, кои ја намалија проектираната стапка на раст за оваа година на ниски 1.6%, во услови кога регионот и Европа галопираат.
За катастрофата во економијата директно е виновен Зоран Заев. Ниту една влада во Република Македонија до сега не покажала толкаво ниво на неспособност. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и над 1.000 километри локални патишта до крајот на мандатот во декември 2020 година. Половина од времето им помина, а ништо од ова не е ниту на повидок.
Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив. Влада која економијата ја уназадува не треба да биде на чело на државата. Оваа влада мора да си оди.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор