ВМРО-ДПМНЕ: Да продолжи изградбата на градинката во Волково
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да продолжи изградбата на детска градинка во населбата Волково во општина Ѓорче Петров, како и останатите пет до шест градинки за што, како што наведуваат, беа скратени средства со ребалансот на Буџетот.
- Владата на СДС скрати 5,6 милиони денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки. Овие средства се доволни за опремување и отворање на пет до шест нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година. Тоа значи дека поради неодговорноста на владата на СДС, градинката во Волково или некоја од градинките во Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе или Бутел може да не се изградат, изјави Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, урбанизацијата на оваа локација во Волково се во длабока подготвителна фаза од страна на локалната самоуправа.
- Локалната самоуправа во Ѓорче Петров излезе во пресрет на граѓаните на оваа населба и предвиде локација, на која што денес се наоѓаме, го финализира урбанистичкото планирање на просторот, ја подготвува документацијата, процес кој во брзо време ќе беше финализиран и градбата на оваа детска градинка ќе отпочнеше веднаш штом средствата ќе беа префрлени. Но за жал со последното кратење на средства во буџетот за намена изградба на детски градинки, се поизвесно дека тоа нема да се реализира, рече Теловска.
Обвини дека Владата на СДС покажала целосна негрижа кон семејствата, но пред се кон децата со самиот факт што вакви проекти ги тргна од приоритетот на своето работење. Посочи дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска промовира веќе отпочнати проекти и си ги препишува како свои.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица