ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче
300 починати од КОВИД-19 за една недела, и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а Филипче вели се е под контрола.
За една недела имаме скоро 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија.
Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола.
Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации.
Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени.
Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија.
На целиот овој крах, го прашуваме Филипче како не му е срам да дава изјави и да тврди дека се е во ред? Наместо да смислува изговори, нека си даде оставка веднаш.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј