ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и оставка од Таравари
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара надлежните да преземат одговорност за, како што велат од партијата, големиот број смртни случаи кај деца и доенчиња во последните десеттина дена.
- Ова е најтрагичната недела во историјата на македонското здравство. Осум детски животи згаснаа поради неспособноста и хаосот кој го направи СДС и Таравари, рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која побара и одговор дали се вистините вчерашните информации за случај во кој што бебенце починало при транспорт од Охрид кон Скопје.
Од партијата сметаат дека здравството е во хаос и оти за тоа се виновни министерот Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и, како што велат, „нивните партиски послушници“.
- ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на последиците од неспособноста на ужасните кадровски решенија на Таравари и СДСМ кои беа донесени на сметка на професионалците кои си ја знаат работата. Сега предупредувањата почнаа да се гледаат и плаќаат со човечки животи, рече Стојановска.
За ВМРО-ДПМНЕ, спорно е и тоа што Таравари цела недела не излегол во јавност да ги каже причините за ваквите состојби и ги прикривал работите. Побара министерот Таравари да се извини и да си поднесе оставка.
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН