ВМРО-ДПМНЕ бара декласификација на податоците за вакцинирани
Власта на Заев и Филипче не успеа ниту една вакцина да набави и целата имунизација која се спроведува на дел од населението е поради донации или добра волја на соседна Србија.
Заради тоа Македонија е на дното по вакцинација во светот, а на врвот по смртност од ковид 19. Патем Зоран Заев се уште не ги декласифицира информациите со кои ќе се види дали и колку функционери од власта се вакцинирале преку ред. Очекува народот да му верува во чесен збор, а чесен збор од најкорумпираниот хибриден режим во Европа не вреди ни пет пари.
Постојат основани сомневања, за кои пишуваа и странски медиуми дека функционерите од власта се вакцинирани преку ред, пред здравствените работници, пред негувателките во градинките, пред старите лица, пред хроничните болни и сите други загрозени категории граѓани.
Доволно се наслушавме лаги од власта. Доволно страдавме од нивната неспособност да набават вакцини и да се обидуваат да ќарат провизии дури граѓаните заболуваат и умираат.
Уште еднаш го повикуваме Заев уште веднаш да ги декласифицира и објави информациите – Кој до сега се вакцинирал! Секој обид да го избегне тоа е само уште еден доказ дека во оваа епидемија на една страна е привилигираната елита од власта, а на друга страна е обичниот граѓанин.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
