ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија за работата на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија во Собранието за евентуалнотот утврдување на нестручно и незаконито работење на СЈО и доскорешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Се поднесува до Парламентот бидејки тој на предлог на советот на јавни обивнители за нестручно, несовесно и незаконито работење, ја разреши Јанева, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
- Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари - рече пратеникот Антонио Милошоски.
Предлогот е Комисијата да ја предводи претседател од редот на најголемата опозициска партија, а другите 10 члена да се одредат според распоредот на силите во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да има и набљудувачи од шведската, американската и холандската амбасада бидејки овие три држави имале сериозен финансиски учинок во СЈО од пари на нивни даночни обврзници.
Велат дека Анкетната комсија нема да се занимава со обвинителски и судски предмети. Извештајот со наодите треба да има препораки за да се превенира слична злоупотреба на буџетски пари или законски измени во овој дел, а ќе биде испратен и до сите институции. Овој извештај би бил од корист на Антокорупциската комисија и државниот ревизор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Очекуваме во најскоро време да се изјаснат сите, особено владејачкото мнозинство - рече Милошоски.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
