ВМРО-ДПМНЕ: Автократот Џафери не е достоен за претседател на Собрание
Автократот од Форино, Талат Џафери не е достоен да го води законодавниот дом. Тој во клучната демократска институција со своето самоволие ги лиши пратениците од слободно движење, да им заклучува врати и да ги држи како заложници.
Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
Да потсетиме дека Џафери во рок од десетина дена влегува од скандал во скандал. На заклучувањето на пратениците му престоеше пцуење, навредување и дерење кон службениците во собранието, но и скандалот со средбата со чеченски политичар кој што е близок со режимот во Кремљ, кој е директен ризик по безбедноста. За сето ова Џафери ниту се извинува, ниту има намера да поднесе оставка.
Да има грам совест Џафери ќе си поднесеше оставка. Бидејќи нема, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери. Очекуваме конечно Димитар Ковачевски и СДСМ да излезат од заложништвото на ДУИ и да ја поддржат интерпелацијата. Во спротивно ќе покажат дека поважни им се фотелјите од демократијата и личната кариера кои им зависат од ДУИ.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
