ВМРО-ДПМНЕ: Анкетните листови на активните политичари се јавни и секој може да ги провери
СЈО е партиско-политички огранок на СДС и дејствува исклучиво по наредба на Зоран Заев. СЈО е инструмент на Заев кој има единствена цел да ја дефокусира јавноста од антидржавните политики, неспособноста и расипништвото на криминогената врхушка во власта.
Анкетните листови на активните политичари се јавни и секој може да ги провери на интернет страницата на државната комисија за спречување на корупција. За тоа кој колку сметки има не е потребна истрага, ниту некој да биде платен со неколку илјади евра месечно. Тоа што Катица Јанева денеска го објави во медиумите под контрола на СДС не е ништо ново, туку нарачка на нејзиниот налогодавач Заев со која потврдува подреденоста, политизираноста и сервилноста на СЈО кон СДС.
Анкетните листови на актуелните и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ не се никаква новина. Ново е тоа што секојдневно се зголемува потребата СЈО да глуми ПР служба на СДС за медиумите под нивна контрола да не се осврнат на анкетните листови на Заев, Анѓушев или Рашковски кои за само шест месеци беа вклучени во десетици коруптивни скандали.
СЈО и СДС од Македонија направија заробена држава во која законите не важат за криминалната врхушка, а правниот систем му е целосно на располагање на Зоран Заев за политичка пресметка со неистомислениците.
Со заминување на СДС од власт и со враќање на правната држава секој ќе сноси индивидуална одговорност за политичките злоупотреби на функцијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата