ВМРО-ДПМНЕ: Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот
Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот.
Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество, и најдобар начин да се слушне ставот на народот.
Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со претседателот Мицкоски, и дека размислува да поддржи референдум. Наскоро претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и повика на поддршка од сите политички партии.
Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина.
ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано дпстоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
