Влошена состојбата на Боки 13
Од затворот Идризово Бојан Јовановски - Боки 13 итно е пренесен на Клиника и задржан на болничко лекување, пренесува А1он повикувајќи се на изјавата на неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ. Неговиот адвокат вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила иако и самиот Боки 13, реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната затвор пред кривичниот судот, но тоа не му било прифатено поради тоа што домскиот доктор Јулијана Ангелова, тврдела дека тој во затворот ја добивал потребната нега и немало потреба од болничко лекување.
- Состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка. Гастроскопијата покажа дека има четири нови улкуси и постои опасност од отстранување на желудникот, но и покрај наодите на лекарите , судот поклони верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки, изјавил адвокатот Туфегџиќ за порталот.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка