Влијателниот американски сенатор Џон Мекејн има малиген тумор на мозокот
Канцеларијата и семејството на влијателниот американски сенатор републиканецот Џон Мекејн, соопштија дека тој има агресивен малиген тумор на мозокот.
Дијагнозата му била поставена за време на операција за отстранување на крвно згрутчување во областа на левото око, што беше направена во познатата клиника „Мејо“ во Аризона, во петокот.
Мекејн, кој наскоро ќе наполни 81 година е сенатор од Аризона. Тој добро ја поднел операцијата и во моментов се опоравува во својот дом, а лекарите велат дека го отстраниле целиот тумор кој можел да се види на скенер.
„Си-Ен-Ен“ јави дека, по направените истражувања се утврдило дека Мекејн боледува од малиген мозочен тумор - глиобластом.
Мекејн е поранешен воен пилот - ветеран од војната во Виетнам. Во 1981 година тој започна политичка кариера. Два мандати беше член на Претставничкиот дом, а од 1986 година, досега е сенатор. Два пати учествуваше во трката за претседател на Републиканската партија и беше ривал на идниот претседател демократ Барак Обама на изборите во 2008 година Познат е по конзервативните ставови. Во моментов е претседател на сенатската комисија за вооружени сили.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток