Влез во Црна Гора и со негативен серолошки тест

Црногорските власти ги изменија протоколите за влез во државата и за државјани од држави од „жолтата листа“ ќе биде дозволен влез и со негативен серолошки тест, кој не е постар од 72 часа и издаден од верификувана лабораторија. Досега во Црна Гора можеше да се патува со негативен ПЦР тест и позитивен серолошки тест.
-Во Црна Гора, како и до сега, без дополнителни услови можат да велгуваат граѓаните од државите во регионот кои се на „зелената листа„, додека државјани од држави на „жолтата листа“ во Црна Гора можат да влезат со позитивен резултат на серолошки тест – антитела класа IgG, кој е издаден од регистрирана лабараторија и КОЈ не е постар од 30 дена. Државјани од сите држави од „жолтата листа“ исто така можат да влезат во Црна Гора и со негативен резултат од серолошки тест на антитела класа IgM, или со негативен резултат од ПЦР тест, кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 72 часа. Услов е сепак лицето во период од 15 дена пред влез во Црна Гора да не патувало во некоја држава од „црвената листа“ , односно во некоја од земјите за кои не е дозволен влез во Црна Гора, стои во владината одлука, која стапува на сила по објавување во Службен весник.
Марјан Николовски
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
