ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК
Во центарот на Дебар, на плоштадот „Скендербег" вечерва членови и приврзаници Коалицијата ВЛЕН оддадоа почит на Андреј ДНК, кој загина во пожарот во Кочани.
- Со длабока болка ја примивме веста за трагичната загуба на нашиот дебарски син Андреј Ѓорѓиевски, живот неправедно згаснат во трагедијата во Кочани. Заедно, со болка и почит ќе се сеќаваме на нашиот син, нашиот голем човек и уметник, кој повеќе не е меѓу нас, рекоа од коалицијата.
Околу поставената фотографија на Андреј тие положија црвени рози и напишаа „Дебар тагува за својот голем човек, уметник, хуманитарец".
- Изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство и до семејствата на сите жртви од трагедијата во Кочани, до пријателите, цел Дебар и цела Северна Македонија. Со мислите сме со сите нив и се молиме ваква трагедија да не се повтори никогаш и никаде, рекоа од ВЛЕН.
Андреј Ѓорѓиевски беше роден 1982 година во Скопје, но родителите живееја во Дебар, каде тој го мина своето детство.
Ново на Сител
-
Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата
-
Во Македонската амбасада во Брисел отворена книга на жалост за трагедијата во Кочани
-
Трамп: Со големо нетрпение го очекувам разговорот со Путин
-
Израелски воздушни напади во Газа: Најмалку 200 загинати, стотици повредени
-
Студенти во Нови Сад синоќа се обидоа да ја блокираат зградата на Градското собрание
-
Сочувство од романскиот патријарх Даниел за настраданите во Кочани
-
Таравари во придружба на грчки заменик-министри ќе ги посети повредените во Солун
-
Мицкоски ќе ги посети повредените во ГОБ „8 Септември“ Скопје