Влатко Стојанов го фати светиот крстот во Велес
Меѓу 49-те православни верници кои денеска влегоа во водите на реката Вардар во Велес под Мало мовче најмногу среќа да го фати крстот имаше 21-годишниот Влатко Стојанов.
Од Мало мовче во Велес светиот чин го изврши митрополитот повардарски г. Агатангел во присуство на бројното свештенство, бројните православни верници и граѓани на Велес и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја.
Младиот Влатко Стојанов кој е невработен и неоженет по крстот во Вардар на овој празник заплива за првпат. Во изјавата за медиумите рече дека е многу среќен што токму тој ја имаше големата среќа да го фати светиот крст.
Стојанов од претседателот Ѓорге Иванов доби на подарок македонски крст со охридски рубин. Од митрополитот Повардарски доби златно крстче, како и многу други податоци од Општина Велес, ЈКП „Дервен“, „Агрија“...
Инаку, во наредните 30-ина денови Влатко Стојанов со својот другар кој со него влезе во водите на Вардар со светиот крст ќе ги посетат домовите на православните верници во Велес.
Празнувањето на Богојавление – Водици во Велес утрово започна со архиерејска божествена литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на која чиноначалствуваше митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение на бројното свештенство од Епархијата и присуство на бројни верници, а на неа присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност