Властите во Молдавија го отфрлија ултиматумот на опозицијата
Опозициските демонстрани во Молдавија утре ќе решат како ќе ги продолжат своите протести, по истекувањето на рокот од ултиматумот со кој побараа оставка на Владата и предвремени парламентарни избори, пренесе ТАСС.
-Ултиматумот истече вечерва, на заедничка прес конференција истакнаа Игор Додон, лидер на Партијата на социјалистите на Република Молдавија, Ренато Усати, лидер на „Нашата партија“, и Андреј Настасе, лидер на десноцентристичката платформа „Достоинство и вистина“.
Два часа пред истекувањето на ултиматумот со нив разговарал претседателот на Парламентот, Андриан Канду. Тој ги повикал на преговори утре изутрина, за да го разгледаат излегувањето од политичката криза.
-На таков начин власта ги заобиколи нашите барања. Ние од своја страна на Канду му предложивме да дојде на граѓанскиот форум што утре ќе го организираме за да разгледаме како да ги продолжиме протестите, изјави Настасе.
„Ние сме одговорни луѓе, нашите протести се мирни. Но точно е дека луѓето се на работ од трпението. Ќе се координираме за да донесеме мерки“, додаде Настасе.
-На организаторите на протестите ќе им предложиме порадикални мерки од досега преземените, додаде тој. „И покрај заморот демонстрантите немаат друг избор“, подвлече Настасе.
„Утре ќе донесеме одлука како да го засилиме притисокот врз власта. Ние сме отворени и ги поканивме на заседанието и печатот и претседателот на Парламентот Канду, на кого му предложивме со себе да го доведе и олигархот Владимир Плахотњик, кој стои зад Демократската партија на Молдавија (ДПМ) , а без консултација со него во овој момент не се носи ниту една одлука, ниту во Парламентот, ниту во Владата“, изјави Усати.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството