Властите во јапонската префектура Фукушима второ деноноќие се борат со шумски пожар
Хеликоптери и војници од јапонските сили за одбрана второ деноноќие не успеваат да го изгаснат шумскиот пожар, што беснее по планинските падини крај гратчето Нами во јапонската префектура Фукушима, пренесе ТАСС.
Во гаснењето на пожарот учествуваат осум хеликоптери. Повеќе од 40 часа тие истураат вода над опожарените дрва, но се уште не успеваат да го запрат ширењето на огнот. Работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветер.
Огнот беснее во регион, што се наоѓа на неколку десетици километри АЕЦ „Фукушима-1“, каде пред неколку години се случи хаварија. Нивото на радијацијата таму останува повисоко од нормите, но за опасност од таков карактер не е соопштено. Според властите, не е регистрирано зголемување на нивото на радијација.
Во изминатото деноноќие, огнената стихија уништи околу 20 хектари. Бидејќи огништето на пожарот се наоѓа во тешко достапен предел, повредени нема.
Според противпожарната служба, огнот веројатно е резултат на молња.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс