-->
-->
Властите во Дамаск ја обвинија коалицијата предводена од САД дека истрелала ракети против позиции на сириската армија
-->
Властите во Дамаск ја обвинија меѓународната коалиција предводена од САД дека истрелала ракети врз позиции на сириската армија, јави сириската новинска агенција Сана.
– Силите на американската коалиција синоќа околу 20 часот (18 часот по Гринич) истрелаа неколку ракети врз позиции на нашата армија на планината Ал Гураб, јужно од Ал Сукна. Нанесени се само материјални штети, нема жртви”, соопшти Сана, повикувајќи се на воен извор.
Нападнатите позиции биле во источна Сирија. Американските војници имаат база во Танф, јужна Сирија, во близина на границата со Јордан и Ирак, како и на север, до границата со Турција.
Според Сана, ракетите биле истрелани од базата Танф.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети