Властите на Барселона одбија да го прогласат шпанскиот крал за персона нон грата

Градските власти на Барселона решија да не го прогласуваат шпанскиот крал Фелипе Шести за персона нон грата во регионот.
Според весникот Периодико, малата левичарска партија Кандидати за народно единство, која е една од партиите кои се залагаат за независна Каталонија, побарала на кралот да му се забрани влез во Каталонија. Комисија на Градскиот совет на Барселона го разгледала барањето, но не го прифатила.
Заменик градоначалникот на Барселона Жерардо Писарељо изјави дека не му се допаѓа непопустливиот став на шпанскиот крал во врска со референдумот за независност во Каталонија и насилната реакција на шпанската полиција.
Но, Писарељо сепак додаде дека изрекувањето забрана на кралот да влезе во Каталонија не би предизвикало никакво подобрување во напнатата политичка состојба.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
