Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ
До Централната изборна комисија денеска кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.
Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.
Ова, според партијата, се однесува на сите поднесени кандидатури.
Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на https://sdsm.org.mk/vonredni-
Центар за комуникции на СДСМ
Ново на Сител
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
