-->
-->
Влаховиќ се повреди
-->

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека неговиот играч Душан Влаховиќ се здобил со повреда на бутот.
„Душан Влаховиќ денеска беше подложен на дијагностички прегледи, кои открија преоптоварување на мускулот на десната нога. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, се вели во соопштението на Јувентус.
Српскиот напаѓач е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 14 голови на 38 натпревари.
Јувентус е петти на табелата во италијанската Серија А со 59 бодови, а клубот од Торино на овогодишното Светско клупско првенство ќе игра во групата Г со Манчестер Сити, Видад и Ал Аин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
