Влаховиќ го засилува Јувентус за 60 милиони
Душан Влаховиќ, напаѓачот на Фиорентина, од наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус. Во информацијата која ја објави „Газета дело Спорт“, се наведува дека „старата дама“, за српскиот репрезентативец ќе плати 60.000.000 евра.
Влаховиќ одамна реши да ја напушти Фиорентина. Неговиот договор важи до јуни 2023 година. Овој и наредниот преоден рок се посладни шанси клубот да заработи сериозна сума од неговиот трансфер.
Минатото лето, Фиорентина одби 55.000.000 евра од Атлетико, а во овој преоден рок Арсенал, според медиумите, понудиле 70.000.000 евра.
Влаховиќ решил да го облече дресот на Јувентус, клуб за кого навива од најмали нозе.
„Газета дело Спорт“, во информацијата не наведува дали трансферот ќе се случи до крајот на зимскиот преоден рок или Влаховиќ ќе остане во Фиренца до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Јувентус.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра