Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница во Струмица
Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, соопшти соопшти денеска прес-службата на бугарската Влада.
Претходно, и македонската Влада, објави МИА, донесе одлуки за заеднички седници со Бугарија, како и со Албанија на 2 декември.
Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски (1999-2004).
Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влада.
Одржување заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на почетокот на август, кога беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и добрсоседство меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи