Владините мерки го зголемија интересот за вакцинација кај помладите од Кичево
Мерките на Владата за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на забрана за престојување во угостителските објекти без сертификат за примена, барем прва доза на вакцина против корона, го зголемија интересот кај помладите генерации од Кичево да се вакцинираат и како резултат на зголемениот интерес се и гужвите кај вакциналниот пункт во Здравствениот дом.
-Од вчера интересот на помладите за да се вакцинираат драстично порасна. Во Здравствениот дом се работи нонстоп во две смени, со цел што поголем број пациенти ја примат првата вакцина или се ревакцинираат. Во текот на вчерашниот ден и денешното претпладне над 600 наши сограѓани беа вакцинирани со вакцините на кинески„Синовак“ или во многу поголем број со американско-германскиот„
Таа потсети дека во Општина Кичево во завршна фаза е и теренската вакцинација, каде до 3 август со прва вакцина се имаа вакцинирано 1 019 жители од руралните средини и паралелно тече вакцинација на лицата кои поради здравствени проблеми, не се во можност да го посетат вакциналниот пункт.
-Паралелно со вакцинација и ревакцинација што ја вршиме во Здравствениот дом, наша екипа продолжува со теренска вакцинација која се ближи кон самиот крај. Од 3 август до денес од 1019 вакцинирани жители од руралните средини се ревакцинирани 750 граѓани и до средината на наредната недела ќе завршиме и со теренската ревакцинација во сите села од нашата општина, додаде Мојсоска.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија