Владината коалицијата во Косово нема доволно гласови за ратификација на договорот за демаркација

Обезбедувањето 80 гласови за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, се оценува како предизвик за владината коалиција, Демократската партија на Косово (ПДК)-Демократскиот сојуз на Косово(ЛДК).
За да не пропадне гласањето во Парламентот неопходен е консензус меѓу власта и опозицијата.
Додека претседателот Хашим Тачи бара ратификација на договорот, опозицијата бара нова комисија за определување на граничната линија.
- Нeсоглсувањето, внатре во владината коалиција околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора ја доведува во прашање ратификацијата на договорот во Парламентот на Косово, пренесува „Зери“.
Според претставници на политичките партии, но и оценките на политичките аналитичари, владината коалиција ги нема потребните гласови за ратификација на овој договор, за кој се потребни две третини од пратениците.
Затоа, опозициските субјекти, политичките аналитичари, но и некои пратеници од владината коалиција сметаат дека е потребно заедничко решение меѓу власта и опозицијата. Аналитичарите нагласуваат дека Владата не треба да ја доведува во опасност визната либерализација да го достави договорот во парламенот доколку не е сигурна дека ќе обезбеди 80 гласови за ратификација.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
