Владина поддршка од 4,5 милиони евра за проекти во полошкиот регион
Општините од полошкиот регион можат да почнат да користат 4,5 милиони евра, кои се директна поддршка од Владата за реализација на инфраструктурни проекти.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на Тетовско при што рече дека мал дел од проектите се почнати, а поголемиот дел ќе почнат во наредниот период.
Средствата, како што додаде, се главно за изградба на водоводи, канализациски мрежи, патишта, уредување на просторот, паркови, плоштади...
- Сега градоначалниците ќе треба да почнат со реализација на проектите. Инаку, само за општината Тетово од овие 4,5 милиони евра доделени се 1.640.000 евра директна поддршка од Владата за изградба на проекти во општината Тетово, така што целта на оваа помош што Влада ја дава за општините во Македонија, а во конкретниов случај за полошкиот регион е што повеќе да се излезе во пресрет на граѓаните со најприоритетни проекти и програми како што се локални патишта, водоводи, канализациски мрежи..., што пак е често пати барање од многу жители. Затоа и Владата овој пат излезе со една поголема програма.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди