Владина делегација во посета на Дубаи
Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска ќе престојува во посета на Дубаи каде се одржува глобалниот саем „Експо“.
Во состав на делегацијата, меѓу останатите, е и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Официјалната церемонија и одбележувањето на денот на Република Северна Македонија на саемот почнува во 13 часот, односно 16 часот по локално време.
Утре, ќе се одржи бизнис конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Битиќи, министерот за животна средина Нуредини, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и претставници од четирите комори.
Во рамки на посетата на Дубаи, како што информира владината прес-служба, делегацијата ќе одржи состаноци и со претставници од Владата на Обединетите Арапски Емирати, коморите и компании.
Ново на Сител
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица