Владина делегација положи цвеќе во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
Делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, предводена од Цветанка Ласкова, советник во Кабинетот на премиерот, денеска положи цвеќе на споменикот во село Љубанци, во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година, соопшти владината служба за информирање.
Владината делегација положи цвеќе и на спомен обележјето во касарната „Илинден“, во чест и спомен на загинатите кај Љуботенски бачила кои беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство
-
Раст на цената на нафтата
-
Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП поладнево улати дел од долгот
-
39 годишник од Кочани претепан до смрт на улица во Љубљана
-
Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии
-
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Поевтинуваат бензините
-
Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување