Владина делегација положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров
Владина делегација денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој почина на денешен ден во 2012 година.
Делегацијата, како што информираат од Влада, била предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, придружуван од министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.
Киро Глигоров беше избран за Претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.
За време на неговиот мандат се случиjа некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија. На референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот