Владина делегација на 6. Самит на шефови на влади од групата 16+1 во Будимпешта
Премиерот Зоран Заев денеска заминува за Будимпешта каде што ќе учествува на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, кој се одржува од денеска до 28 ноември во главниот град на Унгарија.
Како што соопшти владината прес-служба, во официјалната делегација на Република Македонија на самитот се и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, и национален координатор за соработка со групата 16+1, како и Фатмир Бесими, советник за економија во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија.
- Делегација на Република Македонија на овој самит, познат и како Самит 16+1, ќе присуствува и на церемонијата на отворањето на економскиот, трговскиот и финансиски форум, како и во работата на пелнарната сесија на форумот, на која свое обраќање ќе има и премиерот Зоран Заев. Претседателот на Владата, како и другите членови на владината делегација, за време на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, ќе имаат повеќе билатерални средби и состаноци, информира прес-слижбата на Владата.
Премиерот Заев во вторник, 28 ноември, ќе има средба со Ли Кечијан, премиер на Народна Република Кина, а истиот ден ќе се сретне и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Ново на Сител
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври