Владимир Весовиќ и Зоран Стефановиќ од Србија специјални гости на стрип салон „Велес 2017“
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес денеска информира дека специјални гости на овогодинешниот 15- ти Мегународен салон на стрип „Велес 2017“, што ќе се одржи во средината на септември, се Владимир Весовиќ, професор на Школата за стрип „Ѓорѓе Лобачев“ од Белград и Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за стрип уметност, исто така од Белград.
Според Македонскиот стрип центар, двајцата се докажани пријатели на македонскиот стрип. Професор Весовиќ веќе беше гостин во Велес во 2004 година и придонесе многу за отворање на македонската стрип сцена кон сцени и фестивали ,пред сѐ во соседните земји.
Зоран Стефановиќ е познат стрип теоретичар и за време на одржување на салонот ќе одржи предавање на тема „Стрипот и општеството“.
Истовремено, на 20 септември завршува рокот за поднесување стрип дела по објавениот стрип конкурс на меѓународно ниво.
Ново на Сител
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот