Владиците Агатангел и Јосиф го посетија Дневниот центар за лица со хендикеп во Неготино
Владиците Агатангел митрополит Повардарски и Јосиф митрополит тетовско гостиварски денеска го посетија Дневниот центар за лица со хендикеп во Неготино.
Тие изразија задоволство од работата на Центарот и грижата за лицата со посебни потреби која ја дава неготинското здружение „Порака" кое раководи и со процесот на деинституционализација во Македонија.
- Морам да ја нагласам храброста и упорноста на вработените од Центарот на чело со директорката кои прават се за доброто на лицата со посебни потреби. Тие секогаш ќе ја имаат нашата поддршка, а на сите нив заедно со штитениците во Центарот им посакуваме здравје и среќа, рече Агатангел.
Директорката Гордана Трајковска се заблагодари за обезбеденото гориво за парното во Центарот и се заблагодари на посетата од високите гости.
- Убаво е покрај грижата од Министерството за труд и социјална кога се има и љубовта од разни донатори и секако Божјата љубов, нагласи таа.
Сопственикот на ресторанот „Софра Вељанов" Бранко Вељанов денеска за педесетина штитеници традиционално обезбеди ручек.
Ново на Сител
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис