Владејачкото мнозинство прифати да се расправа за предлог законите на опозицијата

Собранието на Република Македонија ја започна 12. седница. Пратениците изгласаа на дневен ред да бидат ставени неколку закони по скратена постапка. На оваа седница треба да биде разгледан и огласот за Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието.
Пратениците го отфрлија предлогот на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој бараше, како што кажа согласно Изборниот законик и имајќи ги предвид распишаните локални избори, огласот за именување на јавен обвинител да биде тргнат од дневен ред бидејќи не треба да има какви било именувања, назначувања на државни функции...
Отфрлено беше и барањето на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ за тргање од дневен ред на Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието со која се предвидува наместо тројца како досега Парламентот да има петмина потпретседатели. Тоа, според Димовски, ќе значи одвојување на повеќе ресурси. - Цениме дека предложувањето тројца потпретсдатели од парламенатрното мнозинство, еден од движењето БЕСА и еден од опозицијата е само задоволување на внатрепартиските и коалициските потреби на парламентарното мнозинство, рече Димовски. Побара одлуката да биде донесена заеднички во согласност со сите пратенички групи.
Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека тој ја предложил одлуката, но оти надлежноста да одлучува е на Парламентот.
По скратена постапка ќе се носи пакет закони предложен од владејачкото мнзоинство. Овие три закони предвидуваат минималната плата да биде 12.000, надоместок за одредена група стечајци и укинување на радиодифузната такса, предложени од владејачкото мнозинство.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и здружената коалиција Томислав Тунтев на седницата побара поддршка од опозицијата за носење на овие закони. Владејачкото мнозинство ги поддржа ставањето на дневен ред по скратена постапка трите закони на опозицијата, но Тунтев рече дека откако ќе ги разгледаат ќе го соопштат ставот дали ќе дадат поддршка за нивно носење.
Владата предложи по скратена постапка да се носат и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина со којшто, како што меѓу другото кажа министерот за здравство Арбен Таравари, предвидува болниците да одлучуваат кој доктор ќе оди на доусовршување во странство а не како досега министерот за здравство.
На дневен ред по скратена постапка се ставени и три предлози на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за што гласаа и пратениците од владејачкото мнозинство. Со измените на законот за исплата на плати се предвидува од 1 јануари 2018 за пет отсто да биде зголемена платата на 120.000 вработени во образованието, здравството, полицијата, војкста, јавните претпријатија, фондови, агенции, актери и други културни работници. Опозицијата предлага и измени на законот за извршување што предвидува долгот за извршување за комунални сметки да се максимализира до висината на главниот долг. Третиот закон предвидува Владата да обезбеди ваучери за компјутери за студентите кои првпат запишуваат трета и четврта година.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара поддршка од владејачкото мнозинство за законите посочувајќи дека и тие треба да покажат конструктивност кон опозицијата кога тоа го бараат од неа.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
