Владеачката Републиканска партија победи на изборите во Ерменија
Владеачката ерменска Републиканска партија, на претседателот Серж Саркисјан, победи на денешните парламентарни избори со освоени 46 отсто од гласовите на избирачите, покажаа излезните резултати на Болтик Сервејс/Галуп интернешенел, пренесоа француските медиуми.
Опозициската коалиција „Блок Царукјан“ која беше предводена од еден од најбогатите ерменски бизнисмени, Гагик Царукјан, освои 25 отсто од гласовите.
Ова се првите парламентарни избори по оспорената уставна реформа, со која во Ерменија беше воведен парламентарниот систем.
Изборите беа проследени од набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тие се важен тест за демократијата во земјата, каде досега опозицијата не дошла на власт со избори, забележуваат француските медиуми.
Излезноста на денешните избори изнесуваше 51 отсто, соопшти Централната изборна комисија.
Вкупно пет партии и четири коалиции се натпреваруваа за 101 мандат во Парламентот.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза