Владата за одлуката на ДКСК за патувањето на синот на премиерот во САД: Очекувана и разумна одлука
Очекувана и разумна одлука, велат од Владата за одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја отфрли тужбата за патувањето на синот на премиерот во САД.
Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека она што сега се очекува е извинување за сите шпекулации изнесени во врска со овој случај.
- Очекувана и разумна одлука со што уште еднаш се потврдува начинот на којшто функционира Владата, а тоа е почитување на Уставот и законите. Денес јасно се гледа од каде доаѓаат тие шпелукации и очекуваме дека во најмала рака треба да се поднесе извинување за сите шпекулации, рече Митева, одговарајќи на новинарски прашања на првата прес-конференција откако вчера беше назначена на оваа функција.
Антикорупциската комисија денеска информираше дека е отфрлена тужбата за патувањето на синот на премиерот затоа што по извршената проверка на документацијата не е утврдено прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не е утврдено користење на буџетски средства за приватни цели. Според ДКСК, од доставената документација за хотелското сместување на членовите на државната делегација во САД, констатирано е дека синот на премиерот не престојувал во истите хотели каде престојувале тие, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел