Владата усвои сет итни мерки за градење на отпорност и сајбер заштита на институциите на јавниот сектор
На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска се усвоија сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.
Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот.
Во таа насока, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.
Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот.
Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација.
Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.
Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.
Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.
Ново на Сител
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон