Владата со поддршка за деловно-технолошките акцелератори
Владата на денешната 69. седница ги прифати измените на Правилникот за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно - технолошки акцелератори и на Правилникот за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за технолошка екстензија.
- Со измените и дополнувањата на Правилник за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно - технолошки акцелератори, кои беа усвоени на седницата, ќе се доделува финансиска поддршка за воспоставување (опционално) и работење на акцелератор, имплементацијата на пред-инвестициона програма и инвестиции. Преку овој Инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка до 75% од вкупниот буџет на проектот, за максимален износ од 500 илјади евра за оперативни трошоци. Услугите кои ќе ги обезбедуваат акцелераторите ќе бидат наменети за новооснованите старт-ап претпријатија и ќе се однесуваат на: канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции, се наведува во соопштението од Владата.
Со измените, пак, на Правилникот за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за технолошка екстензија, се предвидува поддршка на усвојување и прилагодување на иновативни и напредни технологии и подобрување на деловните процеси во македонските мали и средни претпријатија.
- И за овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедува финансирање до 50 отсто од вкупниот буџет на проектот, во максимален износ од 500 илјади евра, се посочува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат