Владата преку видео-конференциска комуникација ќе ја одржи 16-тата редовна седница
Владата на Република Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи редовната 16-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.
Како што е најавено, на предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди, членовите на Владата на дневен ред за разгледување го имаат Извештајот за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.
На оваа седница Владата ќе ја разгледа Програмата за работа на Институтот за стандардизација на Република Македонија.
Од владината прес-служба соопштија дека на денешната седница, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за потребата од обезбедување дополнителни средства за Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светската банка.
За заклучоците и донесените одлуки на денешната 16-та Владина седница, стои во соопштението од владината прес-служба, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.
Ново на Сител
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот