Владата предлага измени на Законот за заштита на сведоци

Владата на синоќешната седница усвои Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти владината прес-служба.
Владиниот кабинет донел одлука да му предложи на Собранието усвојување и на предлог закони за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и за изменување и дополнување на Законот за Судски совет.
- Целта е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија, водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на реформите на правосудниот систем, соопшти владината прес-служба по синошешната седница на Владата.
Во образложението на Предлог законот се наведува дека праксата покажала оти формирање вакво професионално тело за покренување постапка за утврдување одговорност на судија не ја остварило целта на основањето, туку, напротив, било формирано без да се направи целосна анализа на недостатоците во Законот за судски совет што резултирало со негативен извештај од меѓународните институции, вклучувајки ги и забелешките од Венецијанската комисија.
Предложените измени и дополнувања на Законот за Судски совет се заради правните последици што ќе произлезат од предлогот за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, како и заради укажувањата за неопходноста од законски измени кои на ова тело ќе му наложат поголема и неопходна транспарентност во работата на Судскиот советот, и заради постоечката законска одредба која на кандидатите за судии кои не беа избрани на огласот, им беше ускратено правото на жалба, информираат од Владата.
Ново на Сител
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
