Македонија
18. March 2020 - 12:49

Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава

 

Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија да предложи вонредна состојба.

Ова денеска го информираше на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.

-Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш, рече Спасовски.