Владата одлучи: Еве кога ќе започне учебната година
Учебната 2015/2016 година ќе почне на 1 септември, како и во минатите години, одлучила Владата на вчерашната седница на која била разгледана иницијативата на хотелиерите летниот расуст да се продолжи до 15 септември поради слаби резултати во туристичката сезона во мај и јуни.
Заклучокот го соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој рече дека тој произлегол од консултации со стручни лица од воспитно-образовниот процес и професори од педагошките факултети.
- Констатиравме дека во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1 септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата, рече Ристовски на прес-конференција.
Тој информираше и дека Владата ги задолжила министерствата за образование и наука и за економија во наредните месеци да направат подлабока анализа, секое од свој аспект, за ефектите од евентуална промена во начинот на организација на учебната.
Ново на Сител
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?